Како Елон Маск спречи Трета светска војна во Украина
Минатата година Елон Маск беше обвинет дека објавил мировен предлог „про-Кремљ“, во кој сугерирал дека Украина треба да одржи референдуми за суверенитет организирани од Русија и надгледувани од Обединетите нации во окупираните региони.
За време на преговорите на „Старлинк“, Маск им кажал на претставниците на Пентагон дека лично разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
Американскиот милијардер одговори и на обвинувањата дека извршил велепредавство затоа што не дозволил вооружените сили на Украина да ја користат сателитската мрежа „Старлинк“ за напад на руската Црноморска флота.
– Јас сум државјанин на САД и го имам само тој пасош. Што и да се случи, ќе се борам за Америка и ќе умрам за неа. Американскиот Конгрес не и објави војна на Русија. Ако некој е предавник, тоа се тие што ме нарекуваат така – напиша Маск на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), коментирајќи ја објавата во која се наведува дека одбивањето на барањето на Украина да го активира „Старлинк“ е „некаква форма на велепредавство“.
Политикологот Ерл Расмусен ја коментираше намерата на Маск да му даде на Пентагон контрола врз „Старлинк“.
Тој рече дека системот над Крим никогаш не бил уклучен, Маск добил барање од Украина да продолжи да работи. Но, ниту Украина ниту САД не му платиле за ова. Старлинк системот работи над Украина (без Крим) и е главното средство за комуникација помеѓу единиците на украинската армија. Лани Маск рече дека работата на Старлинк над Украина него го чини 80 милиони долари годишно и дека Украина нема платено ниту цент.
„Маск знае дека ако системот се пушти во употреба, ќе започне целосна ескалација и трета светска војна, нападите од Украина би биле поуспешни и многу поразорни. Маск е свесен дека неговиот систем игра клучна улога во овој конфликт и ја спречи можноста за страшна катастрофа и трета светска војна“, изјави Расмусен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…