Како изгледа плаќањето казни за туристите на излез од Македонија: Нема кеш, може да ви го земат пасошот
Српските туристи кои се враќаат од одмор преку Македонија се соочуваат со новитети на граничниот премин Табановце.
Имено, системот „Safe City“ кој ги бележи сообраќајните прекршоци преку камерите поставени на автопатите низ Македонија, од 19 август започна да се применува и за странските возила.
Деновиве бројни медиуми од соседството објавија искуства на возачите кои беа задржани на границата поради пречекорување на брзината и откриваат како точно функционира системот.
Не се прима готовина:
Граничната полиција на шалтер воопшто не прима кеш. Казната се плаќа исклучиво со платежна картичка.
Пасошот се задржува
Граничниот полицаец го зема само пасошот на сопственикот на возилото и го враќа дури откако трансакцијата успешно ќе заврши.
Попуст од 50%
Со оглед на тоа што казната се плаќа веднаш на граница, износот автоматски се намалува за 50 проценти.
Записникот стигнува на e-mail:
Не се издава хартиен записник за прекршокот, туку возачите на лице место го диктираат својот e-mail каде потоа автоматски прстигнува известување од МВР.
Плаќање и проверка преку интернет
МВР овозможи сите странски возачи да можат да ги проверат и платат евентуалните казни и онлајн преку официјалната веб-апликација (safecountry.mvr.gov.mk).
Каде се поставени камерите и кои се толеранциите?
Камерите се лоцирани по должината на Коридорот 10, кој најчесто го користат српските туристи на патот кон Грција.
Дел од локациите каде што треба да се внимава се пред исклучувањето за Скопје, кај одморалиштето „Бастион Плаза“, по исклучувањето за Велес, како и на надвозниците пред преминот Богородица.
Покрај брзината, системот регистрира и поминување на црвено светло, непрописно паркирање и истечена регистрација.
За брзината постои и одредена толеранција:
При ограничување од 50 km/h, казна се изрекува за брзини над 60 km/h, додека при ограничување од 100 km/h, системот „Safe City“ реагира за брзини од 113 km/h па нагоре.
Апелот до сите возачи кои транзитираат низ земјава е да ја прилагодат брзината и пред да стигнат на граничниот премин да подготват платежна картичка со доволно средства за да избегнат дополнителни задржувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како изгледа плаќањето казни за туристите на…
Српските туристи кои се враќаат од одмор…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
ДУИ тврди дека 105 Албанци аплицирале во…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека…
Полициски службеник повреден во сообраќајка со мотоцикл…
На 28 август 2026 година, во 20:42…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…