Како и секоја година во овој период на годината повторно се поставува комплетно непотребната дилема – Св. Трифун или Св. Валентин?

t

Таа е секако вештачки наметната затоа што тоа е ден кој треба да зближува, а не да разделува. Посветете им посебно внимание на најблиските за денешниот празник Св. Трифун, а Ден на вљубените нека Ви биде секој ден во годината.

Легендата вели дека Свети Валентин живеел во Рим за време на владеењето на императорот Клаудиј Втори, кој започнал и водел многу војни при што имал тешкотии да собере војници. Вината за тоа ја нашол во брачниот и љубовниот живот на потенцијалните војници и затоа забранил склучување веридби и бракови. Валентин, кој бил свештеник, и покрај строгата забрана ги венчавал вљубените. Поради тоа бил уапсен, мачен и убиен токму на 14-ти февруари 269 година од нашата ера. Два века подоцна бил прогласен за светец.

Свети Трифун, според преданијата, живеел во третиот век и се занимавал со своето домаќинство и со чување гуски. Имал чудесна моќ да лекува голем број болести со молитва. Се верува дека ја излекувал ќерката на римскиот цар Гордијан од душевната болест. Царот богато го наградил, а Трифун богатството го поделил со сиромашните. За време на владеењето на римскиот цар Дациј, Трифун бил мачен и откако не се откажал од христијанството бил убиен.

Се верува дека овој светец ги заштитува посевите, а за свој заштитник го земаат кафеанџиите и винарите, кои токму на денешен ден за прв пат во годината ги закројуваат лозите. Според народните верувања, ако на денот на Свети Трифун врне дожд или снег, годината ќе биде плодна, а ако е ведро времето не очекува сушна и јалова година пред нас.

Модерните и екстремно комерцијални времиња денешниот ден го поврзуваат најчесто со прекумерно трошење преку купување на цвеќе и ситни, но и скапи подароци, праќање на SMS пораки и електронски честитки, славење по кафеани… Притоа како да ја забораваме суштината на двојниот празник.

Сепак за изразување на љубов и наклоност не е доволен само еден ден во годината. На љубените, саканите и блиските со мали гестови кои ги греат срцето и душата, љубовта треба да им се искажува секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…