Како македонски политичари: Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во Запорожје
Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се обвинија за нападите врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која беше окупирана од руската армија и која е цел на напади веќе една недела.
„Ограничете го своето присуство на улиците на Енергодар! Добивме информации за нови провокации од страна на окупаторите“, објави на Телеграм украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом, пренесувајќи ја пораката од локалниот челник на градот во кој се наоѓа нуклеарната централа, а кој е лојален на Киев.
„Според сведоштвата на жителите, во тек се бомбардирања во правец на нуклеарната централа Запорожје… Интервалот помеѓу истрелувањето на гранатите и ударот е три до пет секунди“, се додава во пораката.
Окупаторските власти инсталирани од Русија во зоните што ги окупираше во областа ги обвинија украинските сили дека се одговорни за нападите, пренесува Хина.
„Енергодар и нуклеарната централа Запорожје повторно се под оган од милитантите на Зеленски“, објави на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската воена и цивилна администрација.
Проектилите паднале „во зоните лоцирани на бреговите на Днепар и во електраната“, рече тој, без да даде информации за жртви или штети.
Дњепар ги одделува зоните под руска контрола од зоните под контрола на Украина.
Поради нападот на Запорожје, во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…