КАКО НА ФИЛМ: Страшна ликвидација на двајца Албанци во ресторан во Грција

t

Две лица загинаа, додека едно е повредено откако маскиран напаѓач влезе и пукаше во неколку лица во ресторан на плоштадот Неа Смирни, предградие во главниот грчки град Атина.

Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за инцидент „поради расчистување на сметките“. Од местото на нападот полицијата собрала три чаури калибар 9 милиметри.

Се започнало кога маж облечен во црно, со хируршка маска на лицето, упаднал од надворешната страна на локалот и се упатил кон една од масите каде седеле две лица со албанско потекло и отворил оган врз нив. Во видео снимката објавена од protothema.gr, маскираниот маж се чини дека пука пет пати кон масата со две лица.

Еден од двајцата добил два куршуми во главата и починал на лице место, додека вториот човек бил погоден со еден истрел во градите. При инцидентот во пределот на стомакот е повредена и девојка која седела на блиската маса.

И девојката и мажот со амбулантни возила се пренесени во болница. Состојбата на мажот со албанско потекло била многу тешка и набргу починал. Забележано е дека полицијата започнала потера за пронаоѓање на убиецот со хируршката маска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки министер: Мицотакис ќе го поништи Преспанскиот…

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис,…

Мицкоски: Користење на „Македонија“ и „македонски“ не…

Достоинствена беше заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова,…

Грчки пратеник го искина договорот од Преспа:…

Грчкиот пратеник  Кирјакос Велопулос го искина Преспанскиот…

НАТО функционер: „Северна“ Македонија во НАТО влезе…

Северна Македонија во НАТО влезе под уставното…

Грција планира набавка на 10 француски ловци…

На 10 мај 2024 година, Генералштабот на…