Како реагираат бизнисмените по најавата за воведување 35-часовна работна недела?

t

Во рамките на новата изборна програма, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека работната недела ќе се скрати на 35 часа во три сектори, со цел да се зголеми продуктивноста и да се создадат нови работни места.

Оваа промена, која се очекува да стапи на сила доколку СДСМ и коалицијата останат на власт, не предвидува намалување на платите за работниците.

Бизнисмените изразуваат поддршка за овој предлог.

„Со кратењето на работната недела на 35 часа, ние не само што ќе обезбедиме подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот за нашите вработени, туку и ќе ги стимулираме да бидат поиновативни и продуктивни во текот на работниот ден. Искуствата од други европски земји покажуваат дека ова може значително да придонесе кон економскиот раст и развој на компаниите”, коментираат бизнисмените со коишто разговаравме.

Според анализите, оваа мерка би можела да резултира со создавање на дополнителен број работни места, како и со подобрување на квалитетот на живот на работниците.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека оваа промена е направена со цел да се овозможи повеќе слободно време за семејството и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

– Анализите се при крај и треба да бидат завршени. Ќе воспоставиме работна недела од 7 часа дневно. Или наместо 40 часа работна недела – ќе биде 35 часа во одредени сектори – изјави Битиќи.
Тој појасни дека во секторите во кои ќе се воведе оваа новина нема да има намалување на платите за работниците.

Битиќи најави и пензионерски бонус од 100 евра за секој пензионер пред нова година и зголемување на просечната пензија на 30.000 денари.

Тој рече и дека се планира укинување на партиципацијата во здравството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ 37. роденден ќе го дочека на…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и…

Медведев: Влегувањето на западните трупи во Украина…

Испраќањето на трупите на западните земји на…

Еве колку време може да се јадат…

Во зависност од тоа дали се на…

Косовец со нож се шетал низ Гази…

Полицијата вчера приведе Косовец во Гази Баба…

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец –…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…