Како сега ќе одлучуваат Македонските судови по решението на Судот за човекови права од Стразбур?

t

Судот во Стразбур очигледно донел политичка одлука со која се прави компромис, смета и професорот Калајџиев, откако денес Судот за човекови права ја соопшти одлуката во врска со жалбите кои уште пред пет години ги вложија Владимир Талевски, Едмонд Темелко, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Тони Трајковски, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.

Според Маричиќ, ваквата одлука на судот е мериторна и ја докажува „правната држава“.

„Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа.
Ја поздравувам денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која е во полза на државата.
Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права.“, вели Маричиќ, иако заборава или го пренебрегнува фактот дека Судот во Стразбур донесе решение, а не мериторна одлука.

Разликата помеѓу мериторна и не мериторна одлука се разликува во тоа што едната е обврзувачка и само се спроведува додека, немериторната има повеќе советодавен карактер кој исто така е задолжителен.

„Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип.“, додава Маричиќ.

Во принцип, ваквиот коментар на Маричиќ е точен, но, испраќањето жалба до Судот за човекови права не е нелегитимна алатка, како што тој скандалозно ја нарекува, туку законски правен лек кој се користи во било кој дел од постапките. Дополнително е проблематично непознавањето на правото, бидејќи како Министер за правда би требало да знае дека жалба пред Стразбур не ја суспендира постапката пред домашните судови ако се уште се во тек и не се со мериторна судска одлука.

И лидерот на Левица, инаку професор на правниот факултет во Штип искоментира дека Маричиќ не ја познава основната правна терминологија.

Професорот Гордан Калајџиев пак, смета дека ваквата одлука на судот е компромисна и политичка, бидејќи решението кое е донесено на крајот на постапката по пет години, можело да биде донесено при примањето на жалбата и тогаш отфрлено.

„Судот избегнал да ја реши суштината на спорот така што одлучил дека не е зрело (premature) и ги одбил жалбите заради неискористени домашни правни средства (иако е очигледно дека тие по прашањето се неефикасни)! Ова Судот можел (требало) да го реши уште кога решавал за допуштеност на апликацијата. Личи дека Судот нашол некаков политички компромис.“ – вели професорот Гордан Калајџиев за Инфомакс.

A.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…