Како се даваат тенкови сите заеднички одлучуваме и ги даваме, ама кога треба електрична енергија за Македонија нема?

t

Лидерот на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија го коментираше барањето на Владата за штедење на училиштата и градинките заради енергетската криза.

– Има подобро решение, да донесеме одлука во советите сите градоначалници да им ги вратиме училиштата на Владата и нека си тераат работа, нека си плаќаат.

Тие трошоци се покриваат со блок дотации од Владата, општините само управуваат со тие објекти, мора да се води сметка за овие институции, греењето е греење, компјутерите колку трошат? Администрацијата ќе штеди ама таму што да се заштеди? Јас би им ги вратил школите и градинките затоа што на несоодветен начин ги решија проблемите, нека си ги менаџираат.

Извинете, ние сме членка на НАТО, нели кога ќе станевме членка на НАТО сите проблеми ќе беа решени? Електричната енергија е и безбедносен проблем, влијае на стандардот на граѓаните, на цените, како резултат на тоа може да се зголемат и етничните тензии значи безбедносно негативно може да ни влијае. Од друга страна граѓаните ако не може да се греат, ако не може да користат електрична енергија целото стопанство трпи.

А нели кога влегувавме во НАТО ние викавме дека сите проблеми заеднички ќе ги решаваме, Како тоа кога треба тенковите да се даваат сите заеднички одлучуваме и ги даваме, ама кога треба електрична енергија за Македонија нема?

Ако треба вакцини за Македонија нема, не може тоа така да биде. Ние мора да обезбедиме гас и струја за стопанството и точка, нема попуштање тука. Или да се реат тие проблеми, Бугарија да ги отвори цевките или Македонија нека запрети со укинување на санкциите за Русија па да видиме дали нема да ги отворат. Како тоа цевките многу им биле зафатени? Тоа не може така, ние сме членка на НАТО и сите проблеми ги решаваме заедно, даваме тенкови, авони, се даваме ама проблемите сами да си ги решиме, вели Јакимовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…