Како Шилегов лажеше за Ќосето – Ниту беше дивоградба, ниту дрво никна, останаа само пустите лаги

t

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Ќосето е симбол за правдата бидејќи тој лично бил обвинител, судија и егзекутор на сите оние кои ја предале организацијата, а со тоа Македонија и македонскиот народ кој се борел за своја држава.

Очигледно неговиот револуционер профил им пречеше на оние кои за лична корист беа спремни да ја предадат Македонија, па така Шилегов својот деструктивен мандат исполнет со рушење, распродажба и девастирање на се што наследи како градоначалник на Скопје го започна токму со уривањето на споменикот на Ќосето.

Споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како дел од проектот „Скопје 2014“, а беше пријавен како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Како главна причина тогашниот градоначлник на Скопје, Петре Шилегов наведуваше дека споменикот е отстранет бидејќи е дивоградба.

Но и оваа изјава како многуте на Шилегов се испостави како лага бидејќи спомен обележјето на Андон Јанев – Ќосето е подигнат со Одлука на Советот на Град Скопје и истиот не е довоградба.

Одлуката на Советот на град Скопје гласи:

“Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија број 05/02) и член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004 и 89/2008) Советот на Град Скопје на дваесет и осмата седница, одржана на 14 јули 2014 година, донесе ОДЛУКА за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

Член 1

Со оваа одлука, Советот на Град Скопје ја утврдува потребата за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Андон Лазов Јанев- Ќосето заради одбележување на делото и оддавање почит на личноста на Андон Лазов Јанев-Ќосето кое ќе претставува трајно ликовно одбележување за времето на Илинденското востание и неговиот лик како една од нејзините истакнати фигури. Спомен обележјето е скулптура изработена во бронза и поставена на постамент.

Сепак и после обелоденувањето на оваа одлука на Советот на Град Скопје, Шилегов и натаму тврдеше дека истиот е дивоградба, а се обиде да даде и објаснување зошто отстранувањето на како што тврди нелегален објект го стори под превезот на ноќта.

– Уривањето на дивоградба нема во себе свеченост. Тоа не треба да го правите со фанфари и со најави, и тука сте рационален во приодот, изјави Шилегов.

Но не само што го прекрши законот со отстранување на споменикот, Шилегов го искористи споменикот за даде уште едно од многуте лажни ветувања. Да Шилегов вети дека на местото на споменикот ќе засади дрво на човековите права и изгравирана плоча на која ќе стои член од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

-На местото на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој ноќеска беше остранет од службите на Град Скопје, ќе се насади дрво на човековите права и ќе биде поставена изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН), изјави Шилегов.

Дрвото изјави Шилегов ќе биде од видот „Гинко“ и ќе биде купено преку јавна набавка…

Но тоа не е се… Откако скопјани не видоа ниту дрво, ниту правда, ниту било какво обележје, Шилегов доби уште една налудничава идеја, а тоа е да се остранат сите споменици од македонските херои и дејци од Скопје 2014 и истите да бидат дел од забавен парк.

Петре Шилегов изјави дека спомениците на македонските херои кои се на плоштадот во Скопје ќе ги отстрани, односно спомениците на Никола Карев, Гоце Делчев, Ченто и останатите како споменикот на бранителите и оној на Ќосето ќе завршат на буниште.

-Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? – На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк – изјави Шилегов.

Се разбира ова беше уште една од многуте лаги на екс-градоначалникот кој нема да остане запаметен по тоа што го изградил во Скопје, бидејќи не изгради ништо, туку ќе остане запаметен по тоа што го испогани…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА: Сè…

Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала…