Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија
Поради противењето на Унгарија, земјите од Европската Унија веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Калас им изјави на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.
„Ќе има дискусии за дваесеттиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, според АНСА. Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија поради војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…