Калас: ЕУ ќе бара начини замрзнатите средства на Русија да се употребат за обнова на Украина
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе истражи начини замрзнатите средства на Русија да се употребат за одбрана и обнова на Украина по завршувањето на војната, но, како што рече, конфискацијата на тие пари во моментов не е политички реална.
По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, Калас изјави дека е незамисливо Русија некогаш да ги види тие пари, ако не ѝ плати на Украина воена отпремнина.
Врз основа на санкциите воведени од Брисел против Москва поради инвазијата на Русија, околу 210 милијарди евра руски пари беа замрзнати во земјиет членки на ЕУ.
Украина и некои членки на ЕУ, како што се Естонија, Литванија и Полска, тврдат дека парите треба да се користат за поддршка на Киев, но тој предлог беше отфрлен од Франција, Германија и Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од замрзнатите средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…