Калас: На Украина итно ѝ се потребни пресретнувачи за руските ракети
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска ги повика земјите членки да ѝ испорачаат ракетни пресретнувачи на Украина по уште една ноќ на руски напади врз земјата.
– Знаеме дека некои земји имаат пресретнувачи на кои наскоро ќе им истече рокот на употреба. Затоа би било многу пожелно тие да ѝ бидат дадени на Украина – Калас непосредно пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Виклоу, во близина на Даблин.
Таа рече дека им се обраќа и на земји кои не се членки на ЕУ, со цел да се обезбедат пресретнувачи за заштита на цивилите во Украина.
– Јули и август беа најсмртоносните месеци за цивилите во Украина. Русија ги интензивира своите напади за да предизвика што поголема штета на украинскиот народ, за да го скрши – посочи високата претставничка на ЕУ.
За да ги заштити своите градови и инфраструктура, Киев располага со цела низа пресретнувачи, но очајно му недостигаат оние што можат да им парираат на руските балистички ракети, а тоа се американските ракети „Патриот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…