Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации
Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, истакна дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на ЕУ поради конфликтот во Украина, да бидат вратени без Русија да ги надомести штетите од војната.
„Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации“, рече Калас пред медиумите, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според информациите од ЕУ, околу 210 милијарди евра руски имот се замрзнати во рамките на Унијата, како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина. Украина и некои од земјите-членки на ЕУ, меѓу кои се Полска и балтичките држави, апелираат тие средства да бидат конфискувани и да се употребат за помош на Киев.
Меѓутоа, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, како и Белгија, каде што е лоциран најголемиот дел од имотот, ги одбиваат овие предлози. Тие нагласуваат дека Унијата веќе ја има предвидено идната заработка од тие средства за финансирање на помошта за Украина и ја оспоруваат правната основа за конфискација.
Како што наведуваат дипломатите, дискусијата се повеќе се фокусира на начините на кои средствата би можеле да се искористат по завршувањето на војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот…
Високата претставничка за надворешна политика на Европската…
Еден активен пожар – гори во близина…
До 8.30 часот утринава на територијата на…
Хорор на Јадранот: маж починал откако бил…
Тешка несреќа се случи на море во…
„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план…
„Не ја менуваме нашата мисија, само ја…
Вучиќ со одговор на „Гардијан“: Србија не…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…