Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации

t

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, истакна дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на ЕУ поради конфликтот во Украина, да бидат вратени без Русија да ги надомести штетите од војната.

„Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации“, рече Калас пред медиумите, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Според информациите од ЕУ, околу 210 милијарди евра руски имот се замрзнати во рамките на Унијата, како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина. Украина и некои од земјите-членки на ЕУ, меѓу кои се Полска и балтичките држави, апелираат тие средства да бидат конфискувани и да се употребат за помош на Киев.

Меѓутоа, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, како и Белгија, каде што е лоциран најголемиот дел од имотот, ги одбиваат овие предлози. Тие нагласуваат дека Унијата веќе ја има предвидено идната заработка од тие средства за финансирање на помошта за Украина и ја оспоруваат правната основа за конфискација.

Како што наведуваат дипломатите, дискусијата се повеќе се фокусира на начините на кои средствата би можеле да се искористат по завршувањето на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

Се запалил бојлер во барака на „Стив…

Бојлер се запалил синоќа во една од…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…

Недостиг од речиси осум тони сув цвет…

Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…