Калевска-Ванчева им се налути на Бугарите: Непримерно е во 21 век да се оспорива идентитет

t

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и пратеничка во македонското Собрание, Снежана Калевска-Ванчева вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека отстапките кои се нормални во еден дијалог, „ни случајно не може да значат она што Бугарија го бара од нас“.

„Црвените линии се јасно исцртани. Донесовме заедничка резолуција и она што значи чепкање во идентитетот, јазикот. Непримерно е во 21ви век да некој некому му поставува такви услови, а тоа се основните постулати на кои почива европскиот договор“, рече Калевска-Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ