КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј

t

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 ноември.

Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј.

Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут.

Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи во Иконија. Првиот подоцна отиде на Крф, каде го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос, а Терциј пострада маченички во Иконија. Последниов го запиша Посланието на свети апостол Павле до Римјаните.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Клемент Први.

Бил четврти бискуп, по свети Петар, Лина и Анаклета. На чело на Римската црква бил од 92 до 101 година. По потекло бил Евреин од дијаспората, а по култура, Хелен.

За време на владеењето на царот Домицијан, поднел маченичката смрт поради верувањето во Христос. Верниците му се молат поради тешкотии во животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…

Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…

Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…

Зимското сметање на времето може да влијае…

Преминот кон зимско сметање на времето повторно…

До 16 часот гласале 56,6 проценти од…

На парламентарните избори во Србија до 16…

Адвокат и изборен набљудувач претепан во Белград,…

Адвокат и набљудувач на изборите во Србија,…