КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима

t

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 ноември. Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима.

Потекнуваа од Едеса Феникиска. Кога Галактион стаса за женење, татко му го сврши за некоја девојка Епистима. Меѓутоа, тие продолжија да живеат девствено и наскоро се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир, и многу напреднаа во доблесниот живот.

Повторно се видоа дури пред смрт. Зашто во тоа време дојде до големо гонење на христијаните, па и Галактион и Епистима беа ставени на маки. Им ги отсекоа рацете и нозете и најпосле ги погубија.

Нивните тела ги зеде и ги закопа некој Евтолиј, кој прво беше слуга кај родителите на Епистима, а подоцна монахуваше заедно со Галактион. Ова се случи во 253 година.

Според Католичкиот календар денеска е Благословени базилики на Св. Петар и Павле.

На денешен ден се слави споменот кога биле благословени црквите Свети Петар во Ватикан, во која се наоѓа гробот на Свети Петар и црквата на Свети Павле на Остијската улица во Рим, каде што му била отсечена главата на Свети Павле.

Кога се слави овој ден, луѓето се потсетуваат, дека главната црква каде живее Светото Тројство, е нашата душа која треба да биде чиста од гревови и полна со добри дела и молитви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Словачкиот премиер Фицо ќе биде гостин…

Александар Вучиќ, лидерот на владејачката коалиција во…

Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“

Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување…

Полска подготвува „предвоен закон“: Нов степен на…

Полското Министерство за национална одбрана подготвува нов…

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…

Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…

Цените на земјоделските производи на светските пазари…