КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Собор на св. архангел Михаил
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември. Денеска е Собор на св. архангел Михаил.
Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“.
Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.
Според Католичкиот календар денеска е Празник на Богородица за здравје.
Кога во 1630 година на подрачјето на Млетачката република пустошела чума, која во Венеција покосила 80.000 животи, млетачкиот Сенат и се обратил на Богородица за помош. Било направено ветување на денешен ден во 1631 година, дека, ако исчезне чумата, ќе биде изградена црква. Ветувањето било исполнето, а величенствената црквата и денес ја посетуваат туристите кои доаѓаат во Венеција.
Во болеста, човекот ја чувствува својата ограниченост, немо}, слабост и затоа му е потребна морална сила. Таа помош, човекот }е ја добие молејќи и се на Марија, т.е. на Празникот за здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…