КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. великомаченик Димитриј – Митровден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.
Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.
Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Блажениот Грацие.
Живеел во петнаесттиот век, во Мула кај Котор, во сиромашно рибарско семејство. Работел на бродови како морнар. Додека патувал со бродовите мислел дака Господ го повикува потполно духовно да живее како калуѓер. Отишол во манастир во Венеција, а калуѓерскиот живот го продолжил во Падова.
Се грижел и им помагал на сиромашните. Триста години по неговата смрт, телото му било пренесено во Котор. Му се молат верниците кои се наоѓаат во финансиски кризи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот во Британија за првпат над 2…
Енергетската криза што со месеци се развива…
Тивката криза што може да биде поголема…
Додека вниманието на светската јавност е насочено…
Вучиќ: Словачкиот премиер Фицо ќе биде гостин…
Александар Вучиќ, лидерот на владејачката коалиција во…
Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување…
Полска подготвува „предвоен закон“: Нов степен на…
Полското Министерство за национална одбрана подготвува нов…