Објавено на:

Калин го прескокна Магдинчев, а веќе им „дише во врат“ на Китинов и Русевски!

t

Вчерашната титула освоена на фјучерс-турнирот во Австрија на најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, му донесе нови 21 ранкинг бодови, кои ќе му бидат доделени на АТП-листата од следниот понеделник, кога нашиот талент ќе го има најдобриот рејтинг во кариерата – ќе биде 303. тенисер на светот.

Ова значи прескокнување на дури 33 позиции на ранг-листата најдобрите според Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), но и правеќе огромен исчекор кон историјата како најдобро рангиран македонски тенисер на сите времиња. Ивановски сѐ уште е тинејџер, но и покрај тоа веќе е трет најдобар досега во „белиот спорт“ кај нас, прескокнувајќи го Лазар Магдинчев, чиј најдобар резултат бил 339. место на листата. Калин сега пред себе има уште две легенди за прескокнување, што ако продолжи со ваквите игри нема да му треба многу време да го стори тоа.

Следен „врв“ за освојување за 19-годишниот скопјанец е легендарниот Александар Китинов, кој во април 1996 година беше на 296. позиција на АТП-листата, што е за само седум места подобар пласман од тој што Ивановски ќе го има од следниот понеделник. Ова значи дека е прашање само на недели кога ќе го подобри пласманот на тенисерот, кој беше далеку попознат во игра на двојки, во што во 1999 година беше дури и меѓу најдобрите 40 во светот. Потоа, Калин ќе треба да работи напорно за да го престигне веќе долго време најдобриот македонски тенисер на сите времиња, Предраг Русевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…