Калин Ивановски направи скок на АТП листата
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени. Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето од повредата.
Оваа недела македонскиот тенисер ќе настапува на турнирот во австрискиот град Крамзах од рангот М25 и во првото коло противник ќе му биде Тео Папамихалис од Франција (727.место).
Од македонските тенисери на денеска објавената листа Олег Приходко се наоѓа на 400.то место со 123 поени (тој оваа недела настапува на Челинџер турнир во Корденонс), додека Обрад Марковски со 1 поен е рангиран на 1.910.то место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србите меѓу земји со најевтина струја во…
Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…
Форбс ја именуваше добитничката на наградата „најмоќна…
Поддршката на Урсула фон дер Лајен за…
АТП контра организаторите на Вимблдон: Да се…
Здружението на тениски професионалци (АТП) изрази вечерва…
Руската амбасада во Македонија со полни раце…
Откако рускиот претседател Владимир Путин вчера ѝ…
Остана на својот став: Поради вakцината, Ѓоковиќ…
Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден дефинитивно…