Калин Ивановски на 330 место на најновата АТП листа

t

Поради стартот на УС Опен, новата АТП листа е објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени.

Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 бодови помалку од претходната недела.

Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата.

Горазд Србљак се наоѓа на 1131. место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216. место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде што за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34. год, 259. место АТП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ