Калин Ивановски се избори за финале во Скопје
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во финалето на ИТФ турнирот во Скопје, откако во возбудливо полуфинале го совлада Бугаринот Јанаки Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5).
Ивановски одигра одличен прв сет, во кој клучниот момент се случи во седмиот гем кога направи брејк за водство од 4-3. Милев веднаш возврати со притисок и во следниот гем имаше три брејк-топки, но македонскиот тенисер остана смирен, ги спаси сите шанси на противникот и го приведе сетот во своја корист со 6-4.
Во вториот сет бугарскиот тенисер ја презеде иницијативата.
По израмнетата игра на стартот, Милев направи брејк за 4-2, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на Ивановски и со убедливи 6-2 го израмни резултатот во сетови.
Одлучувачкиот сет донесе вистинска тениска драма и на големо задоволство на македонските фанови победа на нашиот ас.