Калоѓера: Научниците се будат, горд сум што сум дел од дружината што ги отфрли препораките на Комисијата

t

Хрватскиот славист и голем пријател на Македонците и македонскиот јазик, Горан Калоѓера, на Фејсбук напиша дека е горд што припаѓа на дружината од стотина македонски наулници кои ги отфрлија препораките на историската комисија како неосновани.

„Денеска се чувствувам горд што припаѓам на дружината од стотина македонски научници кои со своите потписи ги отфрлија со индигнација ‘Препораките на заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања’. Научниците се будат, стануваат активни, го креваат својот глас и ги бранат своите позиции со историски факти. Така треба да продолжи, доста е од политиканство во науката!“, напиша Калоѓера.

Кон ова се надоврза и професорката Наташа Котлар:

Сакав на северниот претседател да му одговорам, но професорот ГОРАН КАЛОЃЕРА веќе го напишал потребното, јасно и гласно! Сепак има спас нас! А, за милениците комисиски и претседателски…!?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ