Камбовски против најавените разрешувања во Судски: Судијата Беџети кој е на црна листа – непријатно сè уште да дели правда
По последните најави дека по неусвојувањето на годишниот извештај на работата на Судскиот совет ќе има разрешувања на судиите членови на ова тело кои ги избира Собранието, но и по најавите на премиерот Мицкоски за нивно распуштање, се поставува прашањето дали за ова постои законска можност. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски во интервју за Радио Слободна Европа не се согласува со ваквата најава и смета дека тоа не е предвидено во Законот за судски совет.
-Единствено место каде што е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет. На друго место јас не сум сретнал по законите дека постои таква можност – да бидат разрешени во некоја друга постапка. Значи, разрешувањето се одвива тука во Судскиот совет. Сметам дека тоа не е добра идеја колективно да се разрешуваат колективните тела. Јас сум се залагал за индивидуална одговорност, изјави Александар Камбовски претседател на Судски совет.
Камбовски уште на самото преземање на функцијата прв човек на Судскиот совет по Нова година рече дека ќе има чистка во редовите на судиите на оние кои се огрешиле во работата, по што во јавноста имаше очекувања дека тоа би можел да биде судијата Енвер Беџети кој неодамна се најде на црната листа на Соединетите Американски Држави. Камбовски сега како да омекна од најавите за ригорозни мерки имајќи го предвид фактот дека Беџети се уште ја извршува судската функција.
-Не е пријатно во секој случај. Судскиот совет прави се што е во рамките на неговите можности. Постапките кои што се водат против судии се тајни тоа законот го определува. Тоа не е ниту моја желба ниту желба на Судскиот совет. Напротив Судскиот совет баш би сакал да ви каже и да објави имиња против кои судии се водат такви постапки, изјави Александар Камбовски претседател на Судски совет.
Судскиот совет долг период го тресеше низа скандали по што Оценската мисија на Европската унија даде препораки за реформи меѓу кои предвидено е до јуни годинава да има и нов Закон за судски совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…