Објавено на:

Каменуван српски автобус во Грција – има повредени патници

t

Драма се одвивала синоќа на автопатот Егнација во Грција, недалеку од излезот за стариот национален пат Солун-Вероја, кога автобус со 38 српски туристи што се враќале од Халкидики во Србија одеднаш бил каменуван.

Според првичните информации, четири лица фрлиле големи камења кон автобусот. Се верува дека се малолетници. Полицијата привела двајца осомничени, но кај нив не се пронајдени докази, па затоа набрзо биле ослободени.

Поради силата на ударот, предното стакло на автобусот било целосно смачкано, додека страничното стакло било целосно напукнато. Снимките објавени од грчките медиуми покажуваат како еден камен со големина на тупаница ја пробил шофершајбната, а парчиња стакло биле расфрлани по целото возило. Патниците останале во шок додека парчиња стакло паѓале на нивните седишта.

Во нападот се повредени двајца туристи кои добиле полесни повреди и одбиле хоспитализација, додека помошникот-возач (64) бил пренесен во болница, каде што му била укажана лекарска помош, а потоа пуштен на домашно лекување.

Втор автобус набрзо пристигнал на местото на настанот и патниците го продолжиле своето патување кон Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…