Камен пијан заспал на брзата лента на автопатот пред Гевгелија
На 30.10.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.
Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…