Камерите ќе „ловат“ несовесни возачи од 1 јануари – повисоки глоби, негативни поени и одземање на возачки

t

Собранието ги изгласа измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои од 1 јануари следната година започнува автоматско казнување преку камери и технички уреди за снимање.

Новите правила предвидуваат дека прекршителите ќе добиваат не само глоби, туку и негативни поени – а во некои случаи и двете истовремено. Глобите за потешките прекршоци ќе бидат и до трипати повисоки од досегашните.

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци: доколку во последните четири години имаат најмалку две правосилни забрани за управување со моторно возило, судот ќе им изрече престанок на важење на возачката дозвола. Во таков случај, возачот нема да може повторно да полага за истата категорија најмалку 12 месеци.

Со измените е целосно уреден и процесот на доставување на судските одлуки и соработката меѓу МВР и судовите, со цел побрзо и поефикасно санкционирање.

На седницата беа изгласани и закони со европско знаменце, меѓу кои измените во Законот за енергетска ефикасност, Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на јавните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Пазарните инспектори за една недела наплатија казни…

Во период од 07.09.2026 до 13.09.2026 година,…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…