Објавено на:

Камион се заби во „БМВ“ на Илинденска во Тетово

t

Доцна попладнево околу 16 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа на булеварот “Илинденска” во Тетово, во која учествувале: патничко моторно возило “БМВ” со тетовски регистарски ознаки управувано од Г.Ф.(21) од тетовска Мала Речица и товарно моторно возило “МАН”,исто така, со тетовски ознаки, што го управувал 41-годишниот тетовец Н.Р.

„Во несреќата, возачот на автомобилот и сопатникот од истото возило Х.Џ.(21) од тетовско Вешала со здобиени телесни повреди пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…