Канада го забрзува економското оддалечување од САД, Карни: Не сакаме повеќе зависност
Канада ќе ги забрза напорите за намалување на економската зависност од Соединетите Американски Држави, изјави премиерот Марк Карни.
Неговата изјава доаѓа откако стапија во сила канадските возвратни царини за американски стоки во вредност од околу 20 милијарди долари. Канада сега го очекува одговорот од американскиот претседател Доналд Трамп.
Карни рече дека четири децении длабока економска интеграција ги направиле двете земји премногу зависни една од друга, истакнувајќи дека во многу случаи САД барале зависност, а не вистинско економско партнерство.
Според него, канадската влада ќе се фокусира на зголемување на инвестициите, развој на инфраструктурата и проширување на трговските партнерства со други земји.
Карни призна дека американските мерки ќе имаат последици на краток рок, но рече дека недејствувањето би било уште поскапо.
„Ја насочивме економијата кон сигурни партнери. Тоа време заврши“, рече Карни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…