„Канцерогена бомба“ – ДОМ апелира да се обезбедат пари од буџетот за чистење на линданот во ОХИС

t

Зелената партија Демократска Обнова на Македонија – ДОМ како вонпарламентарна партија бара од пратениците да поднесат амандмани на буџетот за 2025 година во делот на обезбедување средства за довршување на ремедијацијата на малата депонија со изомери на НСН (линдан) во ОХИС Скопје во висина од 7 милиони евра.
„Сакаме да укажеме дека актуелното загадување на амбиенталниот воздух со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во комбинација со емисиите на канцероцени честички од изомери на НСН од депоните во кругот на ОХИС е „канцерогена бомба“ која предизвикуваат малигни заболувања кај граѓаните на метрополата и пошироко“, велат од ДОМ.
Се додава дека Владата во буџетот за 2025 година на Министерството за животна средина испланирала средства за довршување на малата депонија во ОХИС во висина од само 35 милиони денари ( 500.000 евра). Апелираат до пратениците да покажат висока свест и одговорност и со надпартиски концензус за добробит на здравјето на граѓаните, во делот на буџетот за 2025 да поднесат амандмани за обезбедување средства за целосен третман на оваа жешка точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…