Каракамишева му одржа лекција на Уставниот суд: Во 2016 одлуката за распуштање на Собранието имаше карактер на пропис, а одлуката за изборот на Џафери не?

t

Уставниот суд фатен за своето шупливо дрво не може да ја види шумата!

Во 2016 година одлуката за распуштање на Собранието имаше карактер на пропис, а одлуката за изборот на Џафери за претседател на Собранието нема карактер на пропис!?

Замислете, изборот на Џафери за претседател на Собранието бил конкретен избор?!

Аха, а Џафери кого го претставува? Самиот себе? Неговата функција како претседател на Собранието е НЕГОВА, или делува ерга омнес кон сите? Не е Џафери претседател на Собранието на Република Македонија?

Селективното право е НЕПРАВО, “почитувани” судии на Уставниот суд!

Итно сменете ги формалистичките флоскули зад кои се криете 30 години и почнете да работите по словото на Уставот, законите во земјата, но и угледајте се малку на вашите колеги од уставните судови на другите држави. Имате што да научите!

Излезете од вашето мочуриште и научете да пливате во чисти води, ќе сфатите колку штета сте и нанеле на државата со вашите застарени и ретроградни сфаќања за правото!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишен Бугарин убил бездомник во Германија

13 годишен Бугарин убил бездомник во Германија.…

Маж од Арачиново кој живее во Ирска…

На 08.04.2024 во 00.30 часот на ул.„Матеја…

Тетовската полиција тврди дека не казнува селективно

По прес-конференцијата на Општина Тетово на која…

ВО СРЕДА НЕРАБОТЕН ДЕН, А ПОТОА СЛЕДУВААТ…

Во среда ни доаѓа неработен ден во…

ЗНМ бара одговори од МВР по кои…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и…