Каракамишева со уште една порака: Ако продолжи праксата “како и до сега” ништо од нас!
Знаете што ќе ја уништи Македонија?
Ако продолжи праксата “како и до сега”, ако не се заврти нов лист во политичкото владеење согласно Уставот и законите.
Ако правото не е императив за сите и ако секој се повикува на нечија противправна пракса од минатото за да го оправда свопственото самоволие, ништо од нас!
Фејсбук статус на професорката Тања Каракамишева
Професорката по уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Тања Каракамишева, -претходно потврди дека новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, го прекрши Законот со давањето на свечената изјава на албански, а потоа на македонски јазик.
– Согласно Уставот на Македонија македонскиот јазик е службен јазик во државата.
Во органите на државната власт друг јазик што е различен од македонскиот јазик може да се користи во согласност со закон.
Во законот за употреба на македонскиот јазик, па дури и во контроверзниот Закон за употреба на јазиците, во член 3 стои дека избрани или именувани функционери на државните институции како и други институции чие седиште е во Скопје или општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, во нивната службена комуникација го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, доколку најмалку еден од избраните или именуваните функционери зборува службен јазик различен од македонскиот јазик.
Значи и Уставот и законите го утврдуваат приоритетот на македонскиот јазик и неговата употреба при службената комуникација од страна на функционерите во земјата, а дури потоа може да се употребува и друг јазик различен од македонскиот.
Оттука, сите функционери мора да се придржуваат до словото на Уставот и на законите и истите да не ги интерпретираат согласно нивната лична волја.
Новоизбраниот претседател на Собранието, г-динот Гаши мораше свечената изјава прво да ја прочита на македонски јазик, а потоа и на друг јазик различен од македонскиот, а не обратно како што тоа вчера беше направено. – напиша Каракамишева на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…
Демонстранти се собраа на мирни протести пред…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
НАТО вложува милијарда евра во нова технологија:…
НАТО ја менува својата стратегија за развој…
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…
Трамп најави масовно истражување на нафта на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…