Карлеуша од собирот на Вучиќ: Србија не смее да се дели!
Српската пејачка Јелена Карлеуша дојде на средбата на Српската напредна странка со министерот за градежништво и инфраструктура од владата на Александар Вучиќ, Горан Весиќ.
„Сега не сум овде како пејачка, туку како влијателна јавна личност на која ѝ е дозволено да го искаже својот став и може да го издржи целиот притисок и линч што се случуваше во изминатите неколку дена. Овде сакам да испратам добра порака за сите наши граѓани“, изјави Карлеуша за ТВ Пинк.
Таа рече дека претрпела заплашување откако гостувала во емисијата Хит Твит на таа телевизија и дека тоа било мотив повеќе да дојде на собирот на СНС со, како што истакна, нејзиниот драг пријател Горан Весиќ.
Карлеуша порача дека Србија не смее да се дели и никој не смее да ја користи трагедијата што се случи за политички цели. Организаторите на протестот „Србија против насилството“ таа ги нарече насилници и посочи дека тоа не го мислела за граѓаните кои дошле на протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…