Карлеуша ја спомна здравствената состојба на Саша Поповиќ: Многу е болен, претпоставувате за што се работи
Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша деновиве престојува во Македонија каде на 19 октомври ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Таа како гостин во поткаст зборуваше за многу теми од нејзиниот живот кои ја интригираат јавноста, а се осврна и на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“ кој го напушти пред три години, но се осврна и на здравствената состојба на креативниот директор на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ.
– Многу ја сакав „Ѕвезде Гранда“ и кога се случи сето тоа, кога ја прекинавме соработката…Прекинавме затоа што за првпат побарав хонорар после шест години. Дотогаш ја правев емисијата бесплатно, не земав ни динар и првиот пат кога побарав пари, тогаш Саша Поповиќ ја покани Цеца, која се согласи да го направи тоа за мали пари, а јас се разочарав и навистина плачев тогаш – признала Јелена.
Поп дивата потоа проговори за здравствената состојба на Поповиќ.
– Саша е болен. Не знам дали е моја работа да зборувам јавно за тоа, да не ми замери, но многу е болен. Мислам, претпоставувате за што се работи – рекла Карлеуша.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…