Објавено на:

Карни: Канада нема намера да склучува договор за слободна трговија со Кина

t

Канада ги почитува своите обврски кои ги презеде според Договорот меѓу САД, Мексико и Канада и нема да склучува договори за слободна трговија со земји кои не се пазарни економии, изјави денес во Отава премиерот Марк Карни.

Канадскиот премиер одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100 проценти царини за неговата земја доколку склучи трговски договор со Кина, објави британската агенција Ројтерс .

Карни рече дека Канада нема намера да презема такви акции со Кина или со која било друга непазарна економија.

Но, она што Канада го направи со Кина е корекција на некои од проблемите што се развија во последните две години, рече Карни.

Карни отпатува во Кина во текот на месецот за да се обиде да ја диверзифицира трговијата и да ги реши царинските проблеми со третиот најголем трговски партнер на неговата земја.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денес изјави  дека е можно да се воведе 100 проценти царина за Канада доколку таа склучи договор за слободна трговија со Кина.

Во изјава за Ројтерс , кинеската амбасада во Канада посочи дека Пекинг е подготвенда соработува со Отава за спроведување на консензусот постигнат од лидерите на двете земји за унапредување на стратешкото партнерство меѓу Кина и Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Страшна несреќа во Канада – се урна…

Четворица загинаа откако хеликоптер се урна во…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…

Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…