Објавено на:

Карни: Канада ќе учествува во заемот на ЕУ за Украина со 500 милиони евра

t

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека Канада ќе учествува во заемот на Европската Унија за Украина со почетен износ од 500 милиони евра, по средбата со челниците на Европската Унија на дводневниот самит ЕУ-Канада одржан во Монтреал.

– Ова испраќа силна порака до Украина. Заедно ја засилуваме поддршката за Украина – изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пренесува Си-ти-ви њуз (CTV News).

Карни ја наведе постојната група „Коалиција на подготвените“ како модел за иден сојуз на земји кои делат заеднички цели.

– Светот станува сè поопасен и поподелен. Нашите општества ги потресуваат нови предизвици – рече Карни на прес-конференција, укажувајќи на слабеењето на демократските норми и „претворањето на трговијата во оружје“.

Тој додаде дека Канада и ЕУ заеднички се стремат да ги зачуваат своите вредности и да создадат услови за безбедност и просперитет на своите граѓани.

Канада и Европската Унија се согласија да ја продлабочат соработката во областите на безбедноста, дигитализацијата и образованието, поттикнати од оценките за сè понестабилен меѓународен поредок.

На дводневниот самит во Монтреал, кој почна вчера, се разговараше и за нов облик на партнерство меѓу ЕУ и Канада, при што одделни членки на ЕУ, предводени од Германија, имаат резерви кон идејата Канада да добие статус на „придружна членка“ на Унијата.

Карни рече дека Канада и Европската Унија во претстојните месеци ќе го дефинираат опсегот на „новиот облик“ на членство во европскиот сојуз и Канада како негова прва „придружна членка“. Карни и Лајен во септември од Стразбур го најавија „придружното членство“ на Канада во Европската Унија, статус кој моментално не постои во рамките на системот на ЕУ.

Тој термин толку ги дели државите членки на ЕУ што воопшто не е споменат во завршната изјава од канадско-европскиот самит кој се одржа во Монтреал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карни: Канада ќе учествува во заемот на…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат…

Почитувани граѓани на Брвеница, драги пријатели, браќа…

Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми…

После 5 дена: САД им честитаа на…

Соединетите Американски Држави им честитаа на Студентската…