Карпошани внимавajте: Маниjaк пpecретнал девојче пред училиште во Карпош, го допиpaл и му покажувал пopнофотогpaфии

t

Во вторникот околу 16 и 40 часот возрасен маж пресретнал девојче во близина на основно училуште во општина Карпош и од мобилниот телефон му покажувал порнофотографии, а потоа и го допирал по телото. Девојчето го пријавило случајот во полиција следниот ден

Според информации на Република, се работи за основното училиште „Владо Тасевски“.

Инцедентот се случил во близина на училиштето, не во дворот, велат за Република од општина Карпош.

Од МВР го потврдуваат случајот, и работат на негово расчистување.

На 29 декември во 19.20 часот било пријавено дека 28.12.2021 околу 16.40 часот на подрачејето на Карпош во близина на основно училиште едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски фотографии на малолетничка и ја допирало по телото. Се работи на расчистување на случајот, вели портпаролката на МВР Лиза Бендевска за Република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…

(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…

Ако Стори Лукровски не може, не знае…