Касами: Без разлика кој на која фотеља ќе седне, ќе треба да работи за сите граѓани
Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично.
Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.
-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани. Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…
Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…
Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…
Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…
Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…
Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…