Касами ги викна оџата и владиката, ќе соработуваат за да нема меѓуетнички инциденти меѓу младите во Тетово
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се сретнал со тетовскиот муфтија на ИВЗ, д-р Селвер Џемаили, како и со митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, господин Јосиф, за да разговараат за последните случувања во градот, односно, како што наведуваат од општината „за изолираните меѓуетнички инциденти, кои некој се обидува да ги искористи за сопствени цели“, пренесува „Тетово инфо“.
Соговорниците упатиле заедничка порака, повикувајќи на мир, толеранција и меѓусебно разбирање меѓу сите заедници.
„Тетово е наш заеднички дом. Мирот, безбедноста, благосостојбата и соживотот се наша заедничка одговорност. Нашиот град е пример за заеднички живот меѓу сите етнички заедници, кои живееле и продолжуваат да живеат во целосна хармонија. Во никој случај нема да дозволиме некој да ги злоупотребува децата и да поттикнува меѓуетнички тензии“, се вели во пораката.
Присутните на средбата изразиле подготвеност за воспоставување заедничка платформа за соработка со верските институции, училиштата, родителите и граѓанските организации, со цел организирање средби, дијалог и културни, едукативни и спортски активности, кои ќе ги зближат младите.
„Цврсто веруваме дека мирот, толеранцијата, културата, комуникацијата и почитувањето се единствените патишта за унапредување на сите процеси, за изградба на здраво општество и достоинствено семејство“, се наведува во заедничката порака.
„Денес, повеќе од кога било, имаме потреба да покажеме дека нашите разлики не нè разделуваат, туку можат да нè збогатат; дека нашите верувања не нè прават непријатели, туку нè поттикнуваат кон доброто. Во тој дух, средбите со сите вклучени страни ќе продолжат, бидејќи иднината на Тетово се гради единствено преку соработката на сите негови граѓани. Ова драгоцено наследство на соживот претставува вредност што треба да ја чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации“, се додава во пораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…
Европската Унија ќе учествува со свои претставници…
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…