Касами излегува од Влада?
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изрази незадоволство од досегашниот учинок на неговата партија во рамките на коалицијата ВЛЕН и Владата, Во гостувањето на ТВ21, тој најави клучна седница на Централното собрание закажана за утре, каде ќе се решаваат кадровски прашања и идните чекори на партијата.
„Капацитетот ни е поголем од покажаното“
Касами отворено призна дека партијата можела да испорача повеќе резултати.
„Лично, мислам дека капацитетот на Движењето Беса во ВЛЕН и во Владата е многу поголем од она што досега го покажавме“, истакна Касами.
Тој додаде дека не е целосно задоволен и дека е неопходна поголема посветеност во сите ресори со кои раководат.
За утрешниот состанок веќе се подготвени анализи за предностите и слабостите на Беса во Владата. Највисокото партиско тело ќе ги ислуша извештаите на функционерите, по што ќе се донесат конкретни одлуки за иднината.
„Верувам дека таму сите функционери ќе известат за тоа каков е резултатот од нивното управување со институциите… ќе заземеме и ставови за тоа колку сме задоволни и дали можеше да биде подобро“, најави Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…
Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се…
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17…
МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…
Претреси на повеќе локации во Тетово и…
На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово…
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…