Касами повторно говореше за главниот град на Албанците – Се сретна со Курти во Тетово
Косовскиот премиер Албин Курти денеска дошол во ненадејна посета на земјава, при што остварил средба со тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Биљал Касами.
„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, главниот албански центар во Македонија“, напиша најпрвин Касами на својот профил на Фејсбук. Подоцна тетовскиот градоначалник објави дека на средбата разговарале за многу прашања во интерес на двете земји со цел соработка на централно и локално ниво.
„Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска“, потенцира Касами.
Засега нема официјални информации кој е поводот за ненадејната посета на Курти во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…