Касами: Со државниот грб треба да се сменат и химната, и дефиницијата за албанскиот јазик!
Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 дека неговата партија е подготвена да разговара за промена на државниот грб, но само како дел од поширок пакет измени, кои би вклучувале и промена на химната и дефиницијата за албанскиот јазик во Уставот.
Тој нагласи дека ваквите прашања зависат од уставните измени, кои, според него, не можат да се менуваат секојдневно. Според Касами, овие точки се барања, но не и услови.
„Во принцип, сме подготвени да разговараме за промена на грбот, но како дел од пакет што ќе опфати и измена на химната, како и дефиницијата за албанскиот јазик во Уставот, кој во моментов е означен како ‘20%’. Секако, потребно е и решавање на други прашања што ќе ја одразат мултиетничката реалност на државата и нејзиниот европски пат“, изјави Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…