КАСЕТНИТЕ БОМБИ ЗА УКРАИНА СЕ ЛИЦЕМЕРИЕ НА САД! Илон Маск го критикува потегот на Белата куќа
Извршниот директор на Тесла и Спејс Икс и сопственик на Твитер, бизнисменот Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдува Украина со касетна муниција, нарекувајќи ја лицемерна.
– Америка отсекогаш ги жигосувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие – напиша Маск на Твитер.
Белата куќа го нарече купувањето касетна муниција од Украина „привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД“, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот.
ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји. Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија.
Конвенцијата со која се забранува употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат многу помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За многу години: Денес се празнува Преподобна…
Оваа славна светителка се роди во градот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно и посвежо. Во северните делови…
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…