Катар не победи, ама даде гол и испиша историја
Сенегал ја оправда улогата на голем фаворит на мечот од 2.коло во групата-А и успеа со 3:1 да го победи Катар и со овие три бода сега е во “игра“ за пласман во следната фаза од Мундијалот. Додека Катар иако треба да игра уште против Холандија, се знае дека најверојатно ги загуби сите шанси за пласман во 1/8 финалето. Сепак голот на Мунтари е историски, тој е првиот гол на СП за оваа земја.
Африканската селекција во целост доминираше на мечот, знаеше што сака и како да дојде до тоа што го сака, а тоа беше победа и три бода.
Катарците при резултат 0:0 во таа 35.минута бараа пенал откако Афиф падна во казнетиот простор на Сенегал, но за шпанскиот судија Лахоз немало прекршок.
Во 41.минута Булаја Дија стрелаше прецизно во мрежата на домашниот состав за 1:0, а во 48.минута, на почетокот од второто полувреме, Дидиу по убавиот шут со глава успеа да ја погоди мрежата за удвојување на водството на 2:0.
Следуваше нешто подобра игра на Катарците, имаа и две шанси за гол, но сепак на крајот мораа да им честитаа на Сенегалците. Во 78.минута иницијативата на Катар се исплатеше, Мунтари постигна гол за 2:1.
А во 84.минута Сенегал ја врати предноста од два гола со погодокот на Диенг.
Тие 3:1 беа конечен резултат на овој не толку квалитетен, но сепак интересен натпревар.
извор: sportmedia.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…