Катастрофален пожар во Шпанија одзеде 12 животи
Разорниот шумски пожар во јужна Шпанија, во кој загинаа најмалку 12 лица, престана да се шири откако пожарникарите со денови се обидуваа да го локализираат, објави во недела германската новинска агенција ДПА.
Шефот на регионалната влада во Андалузија, Хуанма Морено, изјави во недела дека ситуацијата се стабилизирала. На пожарникарите им помагаат значително послабите ветрови и високата влажност.
Околу 500 пожарникари, војници и други работници за итни случаи сè уште се на терен. Целта е пожарот целосно да се стави под контрола во следните неколку часа. Според официјалните бројки, уништени се вкупно 7.000 хектари шума и грмушки.
Потрагата по евентуални дополнителни жртви продолжува. Службите за итни случаи и волонтерите повторно го пребараа изгореното подрачје, а армијата, заедно со полицијата, пребара пооддалечени куќи и патишта.
На околу 600 луѓе кои претходно беа евакуирани сега им е дозволено да се вратат во своите домови. Останатите 1.000 кои беа принудени да ги напуштат своите домови во четврток вечерта, кога избувна пожарот, сè уште престојуваат кај роднини или во хотели. Се очекува и тие наскоро да добијат дозвола да се вратат дома.
Најмалку 12 лица загинаа во текот на ноќта од четврток до петок. Тие беа зафатени од пламен додека се обидуваа да избегаат со возила или пеш. Осум лица беа повредени.
Се сомнева дека пожарот е предизвикан од прекин на далновод, јавува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…
102-годишна жена загина, а околу 90 лица…
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…