Објавено на:

Катастрофа: На Мариупол му се заканува епидемија – Илјадниците мртви тела почнуваат да се распаѓаат на топлите температури, се контаминираат водата и почвата

t

Локалните власти во украинскиот град Мариупол предупредија дека градот е подложен на епидемии поради ужасните санитарни услови во повеќето делови на градот и фактот што можеби илјадници тела сè уште не се подигнати.

Се проценува дека околу 100.000 луѓе сè уште живеат во градот, и покрај неколкунеделните тешки борби и недостатокот на централизирано снабдување со вода.

Градскиот совет во четвртокот објави дека постои ризик од колера, дизентерија и ешерихија коли – бактериска инфекција која може да предизвика силна болка во стомакот, крвава дијареа и откажување на бубрезите.

Советот рече дека условите за живот во Мариупол се неподносливи и дека ситуацијата ќе се влоши со зголемувањето на температурите.

– Температурата на воздухот веќе достигна 20 степени. Така, во градот наскоро би можеле да избијат силни и смртоносни епидемии, поради немањето централизирано водоснабдување и канализација, распаѓањето на илјадници трупови под урнатините и катастрофалниот недостиг на вода за пиење и храна, наведуваат надлежните.

– Окупаторите не можат на постојното население да му обезбедат храна, вода и лекови. Или не ги интересира. Ги блокираат сите обиди за евакуација. И без тоа луѓето ќе умрат. Впрочем, сега во разурнат град средновековни услови за живеење. Потребна е итна и целосна евакуација – изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Париз епидемија на стеници, жителите вознемирени

Француската влада најави акција во главниот град…

Мариупол ќе биде целосно обновен за три…

Во тек е 474-от ден од специјалната…

Му текнало да се прошета: Од Кремљ…

Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент…

Семејство од Мариупол го пречека Путин со…

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на…

(Видео) Какво апсење? Путин го посети и…

Путин го посети и Мариупол, пренесуваат руските…