Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу

t

Македонскиот спорт доби уште една голема меѓународна потврда, откако џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска се искачи на самиот светски врв во својата категорија и од денеска е официјално број еден на светската ранг-листа.

Овој историски успех доаѓа како резултат на нејзините континуирани настапи и врвни резултати во изминатите сезони, со што Ацевска го презеде првото место во сениорска конкуренција над 70 килограми. Таа зад себе остави голема конкуренција од околу 70 натпреварувачки од 30 различни држави.

Од Џиу-џицу федерацијата на Македонија истакнуваат дека станува збор за резултат кој е плод на долгогодишна посветеност, дисциплина и огромни лични жртви.

„Овој резултат доаѓа по 15 години напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу тренинг кампови, повреди, неправди, непреспиени ноќи и финансиски тешкотии. Една цела младост…“

„Ова е резултат на бројни турнири, медали од светски и европски првенства, Гранд При и Балкански натпреварувања. Не застануваме тука – ќе се обидеме да го задржиме првото место што е можно подолго. Ова е голем мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно“, порачуваат од федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ги отфрла обвинувањата за дроновите во…

Официјална Москва најави реципрочни мерки против Берлин…

Администрацијата на Трамп следела новинари, Демократите бараат…

Двајца демократски членови на американскиот Конгрес побараа…

(Видео) Зеленски предупредува: Однесувајте се кон рускиот…

Зеленски преку видео обраќање побара светот да…

Германија ја носи руската саботажа пред Советот…

По обидот за бомбашки напад на аеродромот…

Муцунски: Македонија силно го осудува рускиот хибриден…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку…