Кацарска: Денешниот празник е потсетник за одговорноста на секој од нас кон остварување на владеењето на правото
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод 8 Септември – Денот на независноста, во свое лично име и во име на Судот упати честитки до сите граѓани на државата.
-Денешниот празник е потсетник за одговорноста и личниот придонес на секој од нас кон остварување на владеењето на правото. Нека 8 Септември остане симбол на силната волја, визија за развој и унапредување на слободите и правата на сите граѓани во самостојна и суверена Република Македонија. Нека не’ потсетува на предизвиците кои се зад нас, но и да биде нашиот разум и сила за да продолжиме и понатаму да ги негуваме темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Нека е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Кацарска во Честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…