Кацарска заштеди 14.000 евра: Судијката не замина на Бали

t

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не замина на конгрес во Бали и со тоа заштеди 14.000 евра, соопшти денеска Судот.

Кацарска била поканета да учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

„Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество“, соопшти Судот.

Централна тема на Конгресот била „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот“. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови“; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија“.

Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа. Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права – како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…

„Не е законски да не е осигурана…

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека…